Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинците пронајдоа масовна гробница со најмалку 17 тела во регионот на Харков

/

пред 1438 дена

Сподели преку :

Украинските власти објавија дека пронашле масовна гробница во регионот на Харков, за која се верува дека содржи тела на 17 украински војници кои биле убиени во борбите со руските сили пред околу шест месеци.

Масовната гробница е откриена по повторното заземање на местото од украинските сили во нивната неодамнешна контраофанзива и се наоѓа на само четири километри од руските позиции. Гробот бил оставен необележан, додека телата не биле завиткани пред да бидат погребани.

Според форензичарот Сергеј Шишков, мажите биле убиени во руска офанзива на село во близина на границата на Харков со регионот Луганск во април.

Руските трупи, пак, продолжија со гранатираат Бахмут, во регионот Доњецк, во обид да ги потиснат украинските сили од градот.

Интензивните воени операции создаваат проблеми и за локалните жители кои цел месец се без струја и вода, а речиси сите дуќани се затворени или уништени.

Локалниот жител Леонид Тарасов решил да замине, бидејќи температурите во неговиот стан паднале до шест степени.

Најголем дел од барањата за заминување доаѓаат од т.н. сива зона, северните и западните правци во градот, каде доброволците, ниту пак силите можат да стигнат поради интензивните борби што се водат.

Јужниот дел на градот сè уште е полн со луѓе.

Луѓето, по потреба, излегуваат по улиците додека во близина ечат експлозии од артилериски гранати, а помош имаат од волонтери на невладини организации.

Саше Димовски