Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украинка маскирана во маж, главна осомничена за бомбашкиот напад во Монако

/

пред 87 дена

Сподели преку :

Главна осомничена за бомбашкиот напад во кој беше ранет украински тајкун во понеделникoт во Монако е Украинка која се преправила во маж, велат локалните власти.

Таа е во триесеттите години,  има тетоважа на змија, што се протега по десната рака од рамото до лактот. 

Интерпол објави црвена потерница за Анастасија Березовска, за која се претпоставува дека по нападот користела автомобил со германски регистарски таблички, кој поминал низ Италија и  други земји. Истрагата покажа дека за активирање на бомбата бил користен далечински управувач, а поради сложеноста на направата, полицијата истражува можни соучесници и лица кои можеби го нарачале нападот.. 

Во нападот најтешко беше повредена жена која беше во животно загрозувачка состојба, додека украинскиот тајкун и дете, не беа тешко повредени. 

Бомбата експлодираше пред четири дена на влезот на една од најлуксузните станбени згради во Монако, а цел на нападот беше  Вадим Јермолаев, за кого украинските медиуми тврдат дека  претходно бил цел на санкции поради неговите врски со Русија. 

По нападот медиумите првично објавија дека се трага по маж кој на видео снимките се гледа како бега од местото – облечен во црн џемпер, светли панталони и црна капа.