Властите на рускиот град Вороњеж прогласија вонредна состојба по нападот со украински дрон, пренесува „Ројтерс“.
Русија има воздухопловна база во околината на Вороњеж, во која се стационирани бомбардери кои учествуваат во нападите врз Украина.
Руските медиуми пренесуваат дека се слушнале најмалку 15 експлозии во близина на базата, а делови од дрон от паднале во близина на станбена зграда.
Станарите на една од зградите се евакуирани во околното училиште, откако избил пожар по ударот на дронот.
Руското министество за одбрана наведува дека се униптени пет дронови и оти се пресретнати уште три во регионот на Вороњеж кој се наоѓа на околу 250 километри од границата со Украина.











