Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украински полковници учествувале во руски заговор за атентат на Зеленски

/

пред 898 дена

Сподели преку :

Додека Кремљ го славеше новиот мандат на Путин, во Украина, тајната служба СБУ објави видео за апсење на двајца полковници од украинската армија кои учествувале во организација на атентат врз претседателот Володимир Зеленски, но и други високопозиционирани функционери на украинската одбрана.

„Контраразунавачката анализа покажува дека руската служба, ФСБ има план за ликвидација на претседателот на Украина, како и на високи претставници на воено-политичкиот врв на државата“, изјави Артем Дехтаренко, портпарол на службата за национална безбедност на Украина.

Покрај  Зеленски, цел на нападот бил и шефот на тајната служба Васил Маљик, кој објави дека акцијата се одвивала подолго време и била држена во тајност за да се откријат руските агенти од украинската армија. Двајцата уапсени полковници биле дел од Украинската гардиска единица која ги обезбедува и заштитува највисоките претставници на Украина и на украинската војска. Тие биле задолжени за да наоѓаат информации за локации каде се движат и престојуваат целите на руската акција. Во видеото, СБУ објави и телефонски разговори на учесниците во заговорот, фотографии од дронови и експлозивна мина за која тврдат дека требало да биде подметната.

Во видеото е објавена и изјава од еден од уапсените од државната безбедноста служба.

„По наредба од водачот Дмитри предадов една пратка од дрон во реонот на градот“, вели еден од уапсените во видеото на СБУ. 

Украинците ја продолжуваат истрагата и тврдат дека атентатите требало да бидат подарок за инаугурацијата за петтиот мандат на Владимир Путин.

Миомир Серафиновиќ