Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Украл „опел“, удрил во бетонски ѕид и побегнал – приведен е 15 годишник од Велес

/

пред 90 дена

Сподели преку :

На 04.07.2026 во СВР Велес, полициски службеници, во присуство на родител и социјален работник од Центар за социјални работи Велес, извршија службен разговор со 15-годишник.

Тој е осомничен дека  истиот ден на ул. „Алексо Демниевски“ во Велес го одзел возилото „опел“ со велешки регистарски ознаки“, сопственост на О.Т.(63) од Велес и со возилото удрил во бетонски ѕид, по што го напуштил местото на настанот.

Набргу, малолетникот бил пронајден и спроведен во полициска станица и за настанот бил известен јавен обвинител.

Возилото е вратено на сопственикот и по целосно документирање на настаните ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.