Околу 19 часот, вчера од поплавена улица кај поранешниот силос на „Жито Вардар“, во Велес пожарникарите успешно извлекле мајка и дете од заглавен автомобил, информираат од ТППЕ Велес.
Интервенирале и на поплавени дуќани и подруми долж главната улица „Благој Ѓорев“.
По интервенциите од поплави, пожарникарите од третата ноќна смена на ТППЕ Велес околу 22 часот итно се упатиле на гаснење на големиот пожар на Фабриката „Аринија“ во сопственост на ДПТУ „Мирана“ каде цела вечер интервенирале.
Големиот пожар во фабриката „Аронија“ успеале да го локализираат во 4 часот наутро, а целосно го изгаснале утрово во 6:30 часот.











