Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНИЦЕФ: И покрај примирјето, бројот на неухранети деца во Газа сè уште е голем

/

пред 308 дена

Сподели преку :

Aгенцијата на Обединетите нации за деца (УНИЦЕФ) соопшти дека бројот на неухранети деца во Појасот Газа сè уште е голем и покрај примирјето.

Од октомврискиот прекин на огнот, кој требаше да овозможи значително зголемување на хуманитарната помош, илјадници деца беа примени на лекување од акутна неухранетост во Појасот Газа, соопшти агенцијата на ОН за деца.

УНИЦЕФ потсетува дека во октомври, откако стапи во сила првата фаза од договорот за ставање крај на двегодишната војна меѓу Израел и Хамас, 9.300 деца биле лекувани од тешка акутна неухранетост.