Танкерот „Ст. Николас“, сопственост на грчки бродоградител, кој плови под знамето на Маршалските Острови е киднапиран од вооружени луѓе во Оманскиот залив. Медиумите во Грција пишуваат дека на бродот се наоѓале 18 Филипинци и Грк.
„Танкерот го испратил последниот сигнал во четврток околу 9 часот претпладне додека го напуштал Персискиот залив. Се наоѓал на 50 наутички милји источно од Сохар. Во тој момент бил исклучен автоматскиот навигациски систем“, пишува грчки „Катимерини“, повикувајќи се на британската служба за поморска безбедност.
Приватната разузнувачка служба „Амбреј“ соопшти дека на бродот упаднале „четири до пет луѓе во воени униформи“.
Информациите од сајтовите Marine Traffic и Veshelfinder наведуваат дека бродот бил изнајмен од турската рафинерија Тупрас и оти пловел од Басра во Ирак до пристаништето Алиага во Турција, пренесува Спутник.











