Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уништена инфраструктура, заплена на големи количества на опрема и оружје – се интензивира израелската кампања во Газа

/

пред 1032 дена

Сподели преку :

Уништување на инфраструктура и подземни тунели во северниот дел на Газа, заплена на воена и телекомуникациска опрема, како голема количина на бомби и оружје. Единици израелското воено воздухопловство и морнарица извршија напади врз клучна инфраструктура на Хамас во Појасот Газа. Во видеото што го објави израелската армија се наведува дека се интензивира копнената офанзива, пришто биле елиминирани и десетици припадници на палестинското милитантно движење. Палестинските медиуми, пак, објавија дека градот Кан Јунис бил мета на израелско бомбардирање во текот на ноќта, како и за серија напади врз бегалскиот камп Нусеират во централниот дел на енклавата.

Во меѓувреме растат тензиите и во Црвеното Море. Зачестија нападите на Хутите врз трговските бродови, а претставници на бунтовничкото движење во Јемен ветија дека ќе се приклучат на Хамас во војната со Израел за заштита на Палестинците.

Висок претставник на Обединетите нации, пак, предупреди дека зголемените тензии меѓу Израелците и Палестинците се ризик од прелевање на војната во регионот.

Јужна Африка поведе постапка пред меѓународниот суд во Хаг, обвинувајќи го Израел за геноцид врз Палестинците и побара да донесе наредба за запирање на нападите на палестинска територија. Лидерот на партијата Палестинска национална иницијатива Мустафа Баргути го поздрави таквиот потег на Јужна Африка.

Војната меѓу Израел и Хамас дојде по нападот на палестинското милитантно движење на 7 октомври. Според министерството за здравство во Газа, досега се убиени над 21.500 Палестинци од кои најголем дел жени и деца. Во нападот на Хамас на израелска територија на почетокот на октомври загинаа 1.200 луѓе, главно цивили, 168 израелски војници ги загубија животите за време на копнените операции, а над 100 цивили и натаму се заложници на Хамас во Појасот Газа.

Сашко Димовски