Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во септември ќе биде домаќин на престижна летна школа за студенти од земјите од Западен Балкан. Фокусот ќе биде ставен на проценка на загадувањето на водата, воздухот и почвата.
Во рамки на соработката со заедничкиот истражувачки центар на Европската комисија, ректорот на штипскиот универзитет Дејан Мираковски ги повикува студентите да се пријават и да бидат дел од оваа меѓународна програма.











