Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УНРВА се жали на односот од израелските сили кон нејзиниот персонал

/

пред 918 дена

Сподели преку :

Агенцијата на Обединети наци за палестински бегалци (УНРВА) соопшти дека некои нејзини вработени и други лица приведени од израелските сили во Појасот Газа биле малтретирани.

Во извештајот УНРВА се наведува дека персоналот кој бил приведен, во некои случаи, додека биле на службена должност, биле „држани во изолација и подложени на истите услови и малтретирање како и други затвореници“.

УНРВА упати официјален протест до израелските власти поради односот кон притворените вработени во Агенцијата.

До денес УНРВА нема добиено никаков одговор на овие протести, се посочува во извештајот.