Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители на денешната седница не именуваше нов директор. Претставникот од Министерството за правда не беше присутен на седницата и со тоа Управниот одобор не беше во полн состав од девет членови. Останатите членови едногласно се согласија седницата да се одложи за нареден понеделник.
Петмина судии и две обвинителки се во игра за директорската позиција во Академијата за судии и јавни обвинители. На огласот се пријавија судиите од Кривчен суд Оља Ристова и Ненад Савески, судијата од Граѓански суд Андреј Димовски, судијката од Управен Едита Насковска, заменик директорот на Академијата кој моментално е и вршител на должноста, Илир Исени, обвнителката од скопското основно обвинителство Спасенка Андонова и обвинителката од битолското вишо обвинителство Ирена Трајкоска Стрезоски.











