Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Урсула фон дер Лајен наградена со „Карло Велики“ за придонес на европското единство

/

пред 507 дена

Сподели преку :

На претседателката на Европска комисија,  Лајен денеска и беше врачена Меѓународната награда „Карло Велики“ за придонес на европското единство. За време на церемонијата на доделување, што се одржа во Ахен, Германија, шпанскиот крал Фелипе Шести ја нарече Лајен „олицетворение на европскиот дух“.

Лајен годишната награда „Карло Велики“ ја доби во момент кога Европска Унија се соочува со војната во Украина, трговската војна на со САД и други безбедносни прашања во Европа.

Oд друга страна, претседателката на ЕК престижната награда ја доби само две недели откако Европскиот суд на правдата пресуди дека ЕК и фон дер Лајен требало да ја објават нејзината комуникација со Алберт Бурла, претседателот на Фајзер за набавката на вакцини против Ковид-19 за време на пандемијата.