Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште еден силен земјотрес го погоди Мјанмар – властите бројат жртви

/

пред 569 дена

Сподели преку :

Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди Мјанмар.

Епицентарот на земјотресот, според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, се наоѓа на длабочина од приближно 35 километри под површината на земјата.

Засега нема извештаи за материјална штета или повредени, а надлежните служби ја следат состојбата.

Бројот на загинати во земјотресот од 7,7 степени што го погоди Мјанмар во петокот надмина 1.000, додека повеќе од 2.376 лица се повредени, објави армијата.

Уште 30 лица се водат како исчезнати, а спасувачките операции се во тек.

Земјотресот го погоди Мјанмар вчера околу 12:50 часот по локално време, а епицентарот се наоѓал на околу 16 километри од Мандалеј, вториот по големина град во земјата.

(ФОТО) Бројот на загинати во земјотресот во Мјанмар надмина 1.000