Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уште една меѓуврсничка пресметка со крвав епилог

/

пред 772 дена

Сподели преку :

Група врсници со неколку убодни рани со нож вчеравечер му нанеле тешки повреди на малолетник, при што веднаш бил пренесен во Клиничкиот центар во Скопје. Безмалку нема настан во билтенот на МВР, а да не е забележан крвав инцидент на малолетници.

Од тепачки до силување, речиси секојдневно се полни билтенот на МВР. За шест месеци имало повеќе од 70 случаи на врсничко насилство. Полицијата поднела пет пријави за кривични дела за „насилство“, „насилство врз дете“ и „предизвикување општа опасност“.

“За три настани поднесени се писмени известувања до ОЈО, при што еднод нив е квалификуван како кривично дело „телесна повреда“, а во делот на прекршоците поднесени се вкупно седум барања за поведување на прекршочна постапка за сторен прекршок по ЗППЈРМ, при што најчесто се работи за нарушен ЈРМ со тепачка или физички напад“, велат од МВР.

Наместо забрана- едукација. Социјалните мрежи се новата реалност, но која може да поттикнат врсничко насислство.

Според психолозите мнозинството ученици се свесни дека  во училиштата постои говорот на омраза и дискриминацијата. Учениците велат, знаат а дел и на своја кожа го почувствувале булингот и физичкото насилство во основното но и средното образование.

Симона Петровска