Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Осомничен и сопственикот на Рубикон во истрагата за дискотеката „Пулс“

/

пред 497 дена

Сподели преку :

Обвинителството отвори истрага  и за сопственикот на агенцијата за обезбедување „Рубикон“ од Скопје кој е осомничен за тешки дела против општата сигурност во врска со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Според Обвинителството, тој активно раководел со целиот деловен потфат и начинот на спроведување на обезбедувањето во клубот, иако агенцијата немала формален договор со локалот.

Заедно со претходно осомничениот управител и овластеното лице од подружницата во Кочани, тој не ги исполнил законските обврски за безбедност. Истрагата утврдила дека безбедносните мерки во „Пулс“ биле сериозно занемарени — немало безбедносна проценка, ниту план за обезбедување, а не биле спроведени проверки за противпожарна заштита.

Дополнително, обезбедувањето не го контролирало влезот, дозволувајќи влез на деца и не водело сметка за преполнетоста на просторот. Во обвинението се вели и дека тие не спречиле внес и користење пиротехнички средства, кои биле директна причина за избувнување на пожарот.