Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Условите од „Рајан ер“ за влез во македонскиот пазар се невозможни, вели Николовски

/

пред 140 дена

Сподели преку :

Условите што ги бара нискобуџетниот авиопревозник „Рајан ер“ за да влезе на македонскиот пазар се невозможни, изјави денеска министерот за транспорт, Александар Николоски. Според него, компанијата бара 25 евра субвенција по седиште, што е двојно повеќе од субвенциите што сега ги дава државата.

„Не мислам дека е добро решение за македонскиот пазар затоа што условите што ги поставуваат се невозможни. Ние во моментов даваме субвенции 9 евра за скопскиот аеродром и 12 евра за охридскиот аеродром, што се едни од повисоките субвенции што би можеле да ги најдете на пазарот и не случајно 28 нови дестинации се отворени за помалку од две години откако е избрана оваа влада“, рече Николоски.

Како дополнителен услов, „Рајан ер“ побарал приоритетно опслужување на нивните аеродроми, но и откажување на дел од веќе постоечките линии во земјава.