Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Усмртен пешак во Ѓорче Петров

/

пред 1592 дена

Сподели преку :

Уште еден човечки живот згасна на скопските улици. 65- годишен жител на скопски Грчец вчера настрада во населбата Ѓорче Петров кога во него удрил автомобил зад чиј волан бил 57-годишен жител на селото Сарај.

Според официјалните полициски информации, сообраќајната незгода се случила околу 21.30 часот на крстосницата од улиците Ѓорче Петров и Никола Пушкаров , веднаш до општинската здрада. Полициски екипи извршиле увид, а телото на починатиот е дадено за обдукција.

Според неофицијалните инфoрмации на сведоци и роднини на настраданиот, тој ја минувал крстосницата на пешачки премин кога во него удрил автомобил кој од силината на ударот потоа го влечел дваесетина метари.

Роднините на жртвата, кои не сакаа да говорат во камера, тврдат дека автмобилот марка „ауди“ го управувало младо момче кое откако ја направило незгодата го повикало својот татко кој потоа и ги пречекал увидните екипи и ја презел вината.

За само неколку месеци ова е трета сообраќајна незгода во Скопје каде е усмртен пешак. Според официјалните податоци на МВР минатата година се регистрирани 116 жртви во сообраќајот, пешаци, возачи на моторцикли и возила и патници а во првите четири месеци од оваа година има 26 жртви, што е за 14 помалку споредено со истиот период лани, кога имало 40.