Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставниот суд е најнереформирана институција – потребни појасни критериуми за избор на уставни судии

/

пред 541 дена

Сподели преку :

Уставниот суд е најнереформирана институција, дали е потребен закон за Уставниот суд и кој се треба да биде уставен судија. Овие дилеми се наметнаа на денешната конференција. Мислењата на фелата се поделени, претседателот на судот Костадиновски смета дека е потребен  уставен закон но и потранспарентен избор на уставните судии.

Според претседателката на државата Сиљановска Давкова потребен е радикален пристап за темелна реформа на уставното судство. И таа смета дека е  потребно конкретизирање на терминот истакнат правник и потребни појасни критериуми за избор на уставни судии.

Амбасадорката на САД Агелер посочи дека транспарентноста е многу важна, а судиите ги потсети и на заклетвата.

  • Ве молам, искористете го овој момент, ве молам запаметете за кого работите и зошто сте поставени тука и ве молам, за тие кои сте судии, запаметете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судии и обвинители насекаде во судството посакувам да ја гледате оваа постапка. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности – Анџела Агелер, амбасадорка на САД.

ЕУ амабасодорт Рокас пак посочи дека  ЕУ ја поддржува земјава да изгради силни, независни и кредибилни институции.

  • Зајакнувањето на Уставот не е само формално барање за членство во ЕУ, тоа е стратешка инвестиција во фер пристапот, во владеењето на правото, нешто што им е потребно на граѓаните. Тоа е реформа во која Уставниот суд исто така треба да одигра многу важна улога- Михалис Рокас, ЕУ амбасадор.

Во која насока треба да се менува институцијата која го штити Уставот своите ставови ги кажаа уставни судии универзитетски професори по уставно право  а беше презентирана и студија изработена со помош на ЕУ проект.

Елена Ивановска Мукоска