Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставниот суд поведе постапка за еднократната парична помош за новороденчињата – местото на раѓање да не биде ограничувачки услов

/

пред 155 дена

Сподели преку :

Уставниот суд денеска, поведе постапка за оценување на уставноста на член од Законот за заштита на децата со кој се ограничува еднократната парична помош за новороденчињата на оние кои се родени во Македонија.

Подносител на иницијативата е македонски државјанин кој живее во Србија.

За Судот во оваа фаза од постапката клучно е начелото на еднаквост гарантирано со член 9 од Уставот. Имено, дете чии родители се државјани на Република Северна Македонија стекнува државјанство по потекло и по таа основа мора да ги ужива истите права како и сите други граѓани, информираа од Судот. Самото место на раѓање не може да биде основ за ограничување на право кое им припаѓа на државјани по сосема друг основ, односно по потекло.

Во таа насока, Судот изрази сомнеж дека Законодавецот без легитимно и разумно оправдување ги става во понеповолна положба децата родени надвор од државата, со што се повредува уставното начело на еднаквост, но и индиректно се навлегува во слободата на движење на граѓаните.

Земајќи претпоставена ситуација, Судот изрази сомнеж во неуставноста на одредбата, односно секоја бремена жена има право слободно да патува согласно својата здравствена состојба, а раѓањето во странство може да биде резултат и на непланирани или предвремени околности, без намера за трајно иселување.

.