Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Уставните судии поделени по прашањето дали Управниот суд може да поништи избор на уставен судија, член на Судски совет или гувернер

/

пред 167 дена

Сподели преку :

Уставните судии се поделија. Четири наспрема четири за прашањето дали управниот суд може да поништува избор на уставен судија, член на судскиот совет или гувернер, дилема што се отвори откако управен го поништи изборот на Елизабета Дуковска, две години откако таа водеше предмети, гласаше и земаше плата во уставниот суд.

Известителката на овој предмет, Добрила Кацарска вели дека овој предмет нема да ја „спаси” Дуковска, но ќе спречи вакви контроверзни одлуки во иднина. Предметот останува отворен додека не се избере деветтиот уставен судија кој собранието допрва треба да го избере.