Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Усвоен е Предлог Буџетот – ограничени се цените на огревното дрво и пелетите

/

пред 1433 дена

Сподели преку :

Буџетот на расходната страна е предвидено да изнесува 324,8 милијарди денари, приходите е предвидено дека ќе бидат 282,05 милијарди денари, а дефицитот е проценет на 42,75 милијарди денари.

На денешната владина седница усвоен е и Предлог Законот за извршување на Буџетот.

Донесени се и други заклучоци.  Владата, на предлог на Министерството за економија, донесе Одлука за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на мало, конкретно на огревно дрво од даб; огревно дрво од бука и пелети за огрев.

Највисоките цени на огревното дрво од даб и бука се утврдени во висина до 4.500,00 денари за метар просторен (мпр) односно до 6.429,00 денари за метар кубен (м3).

Владата притоа донесе Одлука за престанување на важноста на одлуката за посебни услови во трговијата на мало, со којашто беше замрзната маржата на огревно дрво од даб и од бука и пелети за огрев за сите трговци во висина најмногу до 10%.