Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Усвоен извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ: Билатералните прашања не смее да се користат за блокирање на пристапниот процес

/

пред 249 дена

Сподели преку :

Членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денеска со 44 гласа „за“ и 11 „против“ го усвоија извештајот за стратегијата за проширување на ЕУ на литванскиот либерален европратеник Петрас Ауштревичиус.

Во објаснувачката изјава на извештајот Ауштревичиус наведува дека руската воена агресија врз Украина и тековните значајни геополитички промени предизвикаа нова динамика во процесот на проширување на ЕУ, објави МИА.

– Со доделувањето на статусот земји кандидати за членство на Украина, Грузија и Молдавија, сега има десет држави што тргнаа на патот кон ЕУ. Од перспектива на ЕУ, проширувањето е геостратешка инвестиција во мир, безбедност, стабилност и просперитет. Иако очекувањата и напредокот на одделни земји кандидати се разликуваат, сите тие се оценуваат врз основа на фер и ригорозна условеност, принципот на сопствени заслуги и реверзибилност – вели Ауштревичиус.

Според него, Извештајот ги оценува соодветноста и релевантноста на актуелната политичка позиција на ЕУ за проширувањето и методологијата што ја применува Комисијата проценувајќи го целокупниот напредок во подготовките за пристапување и преговорите за да се поттикнат неповратни реформи.

Во предлог-извештајот се повторува дека проширувањето е од најголема стратешка важност за ЕУ во услови на руската агресија врз Украина и други заеднички геополитички предизвици, што бара долгорочна политичка демократска визија и храбри одлуки.

– Нерешените билатерални прашања меѓу земјите од ЕУ и земјите што не се членки на ЕУ треба да се решаваат билатерално и не смее да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на кандидатите за членство – се вели во извештајот.

Во него се нагласува и дека регионалната соработка е предуслов за пристапување во ЕУ и дека помирувањето, кое води кон добрососедски односи, е клучно за успешно пристапување во Унијата.