Утре, неколку невладини организации повикуваат на протест против како што велат колективниот крах на системот и игнорантниот однос на надлежните, полицијата, обвинителството и судовите кои дозволуваат да се случува континуирано насилство врз жени што доведува до фемициди и покрај пријавувањето и повиците за помош и заштита.
Организаторите предупредуваат дека институциите – полицијата, обвинителството, судовите и центрите за социјална работа – не постапиле согласно протоколите за заштита и законските обврски, што резултирало со уште една ненадоместлива загуба.












