Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утре во Кочани „Марш на ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс“

/

пред 402 дена

Сподели преку :

На точно шест месеци, откако ги загубија своите чеда, родителите и блиските на жртвите, исто така утре ќе маршираат низ кочанските улици. Од Здружението „16-ти Март 2025-Кочани“ го најавија 22-тиот “Марш за ангелите” и повикаа:

„Да се собереме сите заедно, да им оддадеме чест на ангелите и да покажеме дека нивната светлина и борбата за правда нема да згасне.“

Протестот ќе започне од  Паркот на револуцијата – Кочани , Основен суд – Кочани , Министерство за внатрешни работи – Кочани, Управа за јавни приходи – Кочани, а ќе заврши со враќање во Паркот на револуцијата.

„Овој марш е симбол на нашата заедничка болка, но и наша силна порака: Никогаш повеќе ваква трагедија! Доста беше со манипулации и корупција што одземаат невини животи!“

Освен двата најавени собири, предвидени се и низа активности во Кочани и Штип. Со почеток од 20 часот, во Градскиот парк на револуцијата во Кочани и градскиот плоштад Слобода во Штип сите кои сакаат да оддадат почит ќе можат да запалат свеќи, а половина час подоцна ќе се организира создавање звездено небо, чин на спомен на младите животи, кои Македонија ги загуби кобниот    16-ти март.

Утре во Скопје мирен протест – шест месеци од трагедијата во Кочани