Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Утрешниот синдикален марш ќе го блокира центарот на Скопје

/

пред 215 дена

Сподели преку :

Утре во Скопје, поради одржување на протестниот марш во организација на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), ќе има привремени ограничувања и пренасочувања на сообраќајот по главните улици во центарот.

Маршот е најавено дека ќе започне во 12:05 часот пред седиштето на синдикатот на улица „Мирче Ацев“, а потоа ќе се движи по улиците „Филип Втори Македонски“, „11 Октомври“, „Димитрие Чуповски“ и „Васил Главинов“, како и по булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ до зградата на Владата.

Министерството за внатрешни работи (МВР) апелира до граѓаните да ги следат упатствата на полициските службеници и да бидат внимателни при движење низ централното градско подрачје.