Утрото студено со појава на магла по одделни котлини, а преку ден променливо облачно со сончеви периоди во источните делови од Македонија. Ќе дува слаб променлив ветер.
Во Скопје, претпладне студено со појава на магла, преку ден променливо со мала до умерена облачност.
Минималната температура ќе се движи во интервал од -8 до 0°C, а максимумот од 4 до 11°C.
Информација од утрово:
Минимална температура (во °C)
-13 Берово, -8 Крива Паланка, -6 Битола, Прилеп, -5 Виница, Маврови Анови, -3 Тетово, Штип, -2 Скопје-Петровец, Струмица, Велес, Кавадарци, Скопје-Зајчев Рид, Охрид, Претор, -1 Демир Капија, 0 Гевгелија, Крушево, 1 Попова Шапка.
Висина на снежна покривка во 7 часот (во см)
52 Попова Шапка, 45 Маврови Анови, 18 Битола, 11 Тетово, 8 Демир Капија, 7 Штип, Берово, 2 Крива Паланка.
Температура на вода, измерена во 7.30 часот (во °C)
Охридско Езеро 7.0, Преспанско Езеро 2.5, Дојранско Езеро 5.6.
Деталите во Телма МЕТЕО со Ирена Лазарова – Димитровска, во соработка со УХМР!
e-mail: [email protected]











