Утрото ведро и студено, преку денот ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северозападен ветер.
Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.
Информација од ова утро 29.12.2025
Минимална температура (во °C)
-8 Kрушево, -7 Битола, Прилеп, Mаврови Анови, Крива Паланка, -6 Тетово, Пожаране, Берово, -5 Претор, Охрид, Попова Шапка, -4 Виница, -3 Скопје-Петровец, Струмица, Кавадарци, Куманово, -2 Скопје-Зајчев Рид, Велес, Демир Капија, -1 Штип, 3 Гевгелија.
Деталите во Телма МЕТЕО со Елена Манојловски, во соработка со УХМР!











