Идејата на секоја влада што доаѓа, секоја партија што доаѓа на власт, е дека сака да остане што подолго. Нивни прв императив е да останат на власт колку може подолго, два мандата, 20 мандати, да се биде на власт, вели Ванчо Узунов, универзитетски професор, во вечерашната „Вин-Вин“ на ТВ Телма.
„И првата работа им е „не сакам да се замерам со граѓани кои што треба утре да ме гласаат“. Болни реформи, особено од типот какви што и требаат на Македонија, се болни реформи кои што ќе дадат ефекти на долг рок, после три други влади ќе почнат да се гледаат ефектите. Ниту еден политичар во Македонија, а мислам и во светот, не е мазохист, не сака да се самоубие за арното на некои идни генерации. Тој повеќе е садист, отколку мазохист. Ќе ги убие сите, за него да му биде добро“, рече Узунов.











