Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

В среда омаж за Војкан Јовановиќ

/

пред 84 дена

Сподели преку :

Во чест  нa Војкан Јовановиќ (1964-1999),  поранешен солист на Македонската опера и балет, во среда, на 8 јули, во 21 часот, во Three Garden Bar, ќе се одржи настан во негов спомен и чест.

Војкан Јовановиќ беше истакнат оперски бас и долгогодишен солист и првенец на Македонската опера. Препознатлив по својот длабок, моќен и впечатлив глас, тој остави значаен белег на нашата оперска сцена. Беше активен и на домашната и на регионалната сцена, со особено забележителни настапи во текот на 1990-тите години на минатиот век, вклучително и на фестивалот Охридско лето.

По потекло од Ниш, Јовановиќ изгради успешна музичка кариера во Скопје. Музичката критика и колегите го паметат по неговиот длабок, драматичен и моќен глас, често опишуван како „шаљапиновски бас“. Војкан Јовановиќ почина во 1999 година на 35-годишна возраст.