Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вадефул: Преговорите за решение меѓу Израел и Палестинците мора „да почнат веднаш“

/

пред 444 дена

Сподели преку :

Германскиот министер за надворешни работи, Јохан Вадефул, денеска изјави дека преговорите за решение со две држави меѓу Израел и Палестинците мора „да почнат веднаш“.

Тој предупреди дека Берлин може да одговори на „еднострани чекори“ во процесот, нагласувајќи дека таквото решение останува единствен начин за постигнување траен мир, безбедност и достоинство за луѓето од двете страни.

– Признавањето на палестинската држава доаѓа повеќе на крајот од преговорите, но тие преговори мора да почнат сега, рече Вадефул, кој денеска отпатува во посета на Израел и палестинските територии.