Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Вајмарската тројка“ со поддршка за молдавската европска иднина

/

пред 416 дена

Сподели преку :

Германскиот канцелар Фридрих Мерц и претседателите на Франција и Полска, Емануел Макрон и Доналд Туск, денеска, за време на прославата на Денот на независноста на Молдавија, изразија поддршка за пристапување на Молдавија во Европската Унија и ветија техничка и дипломатска поддршка за заштита на земјата од хибридни напади од Русија.

Денеска го славиме фактот дека Молдавија одлучи да го следи патот на Европската Унија. Вратите на ЕУ се отворени. Добро знаеме колку Молдавија страда поради руската агресија врз Украина, рече Мерц на заедничката прес-конференција со Макрон, Туск и претседателката на Молдавија, Маја Санду.

Макрон изјави дека неговата земја ќе продолжи да го поддржува европскиот пат на Република Молдавија и дека ќе ја направи Молдавија попозната во Европската Унија.