Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ванчо Михајлов „дојде“ и во Собранието

/

пред 1620 дена

Сподели преку :

Ванчо Михајлов ја отвори првата можност за поставување пратенички прашања до Владата по истекот на 100-те дена од нејзиниот избор.  Димитар Ковачевски не умее да ја води државата бидејќи дозволува да се слави ликот на еден фашист, реагираше ВМРО-ДПМНЕ, поставувајќи три прашања за отварањето на културниот центар на Бугарија во Битола.

„Многу сум разочаран што Бугарија го избра името на еден крајно негативен лик, злосторник одговорен за ликвидација на многу македонски револуционери и за депортација на македонските евреи, одговори премиерот.

Ковачевски ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека се смета за наследник на Михајлов, дека нејзини членови присуствувале на отворањето на центарот во Битола, дека има фотографии со претседателот на партијата, но и во партиското седиште. За Мизрахи, Михајов е исторски лик кој бил узурпатор на ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачевски нагласи дека отварањето културни центри во соседни држави е форма на пријателство. Најави дека освен во Софија, Македонија ќе отвори ваков центар во Благоевград. Името ќе биде одбрано во соработка со Националниот институт за историја, а Мизрахи ќе биде поканета на неговото отварање.

Соња Николовска