Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вечерва во Белград се отвора македонски Културно-информативен центар

/

пред 507 дена

Сподели преку :

Вечерва во Белград свечено ќе биде отворен македонскиот Културно-информативен центар (КИЦ), со присуство на македонскиот и српскиот министер за култура, Зоран Љутков и Никола Селаковиќ.

Во музичкиот дел од програмата, насловена како „Ајде, слушај, слушај…” ќе настапи Зарина Првасевда, а специјален гостин во програмата ќе биде Васил Хаџиманов.

Во ликовниот дел од програмата ќе може да се види ретроспективна изложба на 25 ликовни уметници од Друштвото на ликовни уметници Македонци во Србија (ДЛУМС).

На свеченоста ќе се дегустира македонско вино од гевгелиското поднебје.

Ќе се обратат директорот на нашиот КИЦ во Белград, Васко Шутаров, амбасадорот во Србија, Никола Тупанчески, српскиот министер за култура, Никола Селаковиќ, македонскиот министер за култура и туризам, Зоран Љутков и потпретседателот на македонската влада, Иван Стоилковиќ.