Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велика Британија размислува за правни мерки против Абрамович поради замрзнатите средства од продажбата на „Челси“

/

пред 502 дена

Сподели преку :

Британските власти се заканија дека ќе преземат правни мерки против поранешниот сопственик на фудбалскиот клуб „Челзи“, Роман Абрамович, со цел да се пренасочат 2,5 милијарди фунти од средствата од продажбата на клубот за помош на жртвите од војната во Украина.

Клубот „Челзи“ беше продаден во мај 2022 година, откако Абрамович беше санкциониран како дел од групата олигарси по руската инвазија врз Украина.

Средствата од продажбата беа замрзнати со намера да се искористат за ублажување на последиците од војната. Досега не е постигнат договор со Абрамович околу употребата на тие средства, кои се наоѓаат на банкарска сметка во Велика Британија.