Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Велковски: Поради немањето кадар повеќе од 5.000 деца се на листите за чекање за прием во градинка

/

пред 957 дена

Сподели преку :

Повеќе од илјади деца во Македонија се на листите за чекање за прием во детските градинки, а поради немањето кадар тие не може да се згрижат.

Ова не е единствен проблем со кој што се соочува предшколското образование вели министерот за труд и социјала Ѓоко Велковски.

Клучен проблем вели, е и обезбедувањето на лиценци за воспитувачки, негователки и кандидати за директори низ градинките во земјава коишто со години чекаат да се стекнат со истите.

Комисијата за лиценци може само да ги продолжува лиценците, а договорот со операторот којшто го врши лиценцирањето завршил и досега не е распишан повик за избор на нов.

Техничкиот министер Велковски најави и решение за негователките и воспитувачките во струшките градинки, кои протестираа, поради нерешениот статус, но и паричниот надоместок од само 10.000 денари.