Новото привремено раководство во Венецуела сигнализираше дека е подготвено за соработка со САД, откако во саботата рано утрината беше соборен од власта, уапсаен и пренесен во САД долгогодишниот авторитарен лидер Николас Мадуро, јави ДПА.
-Ја покануваме американската Влада да соработува со нас врз агендата за соработка ориентирана кон заеднички развој во рамките на меѓународното право за зајакнување на трајниот соживот во заедницата“, изјави вчера Делси Родригез, привремена претседателка на Венецуела, во објава на Инстаграм.
Родригез првично зазеде поцврст став по нападот на САД.
-Нашите народи и нашиот регион заслужуваат мир и дијалог, а не војна“, напиша таа во пораката упатена до американскиот претседател Доналд Трамп. „Ова отсекогаш била пораката на претседателот Николас Мадуро и тоа е пораката на цела Венецуела во моментов.
Таа повика на однос меѓу САД и Венецуела заснован на почит, суверена еднаквост и немешање.











