Подготвени сме за предвремени избори. Мнозинството граѓани не се задоволни од работата на Владата, порача денеска лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
Според Филипче, тоа што има најава за предвремени парламентарни избори само неколку месеци по формирањето на Владата, е доказ дека на Владата не и оди најдобро.











