Додека пациентите ја чекаат неопходната терапија, власта и опозицијата продолжуваат со префрлање на топката за тоа кој е виновен за настанатата состојба на клиниката.
ВМРО – ДПМНЕ утрово преку соопштение го повикува јавното обвинителство да поведе постапка и го посочи Венко Филипче дека стои зад мафијата која профитира на здравјето на граѓаните.
Филипче пак тврди дека Рашела Мизрахи која беше претседателка на анкетната комисија за случајот Онкологија ги криела извештаите.











