Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Верските училишта го поминаа комисискиот собраниски филтер

/

пред 452 дена

Сподели преку :

Собраниската комисија за образование и наука ги прифати амандманите на неколкумина пратеници од владејачките партии, поднесени за подобрување на текстот на предлог законот, со кој  двете верски училишта треба да станат редовни во секуларниот образовен систем. Во првата верзија, православното богословско училиште и исламското „Иса бег“, се наведени по име и со дејност која е опишана како „средно образование од областа на православната, односно исламската религија и теологија“. Сега имињата се бришат и ќе стои само „верски училишта“.

Се допрецизира и кој може да предава по општообразовните предмети, како и дека учениците запишани во овие училишта ќе полагаат државна матура. Пратениците од опозициската СДСМ реагираа дека се навлегува во опасна зона на теренот на религиите, како и дека со законот се нарушува секуларноста на државата. За нив е спорно да се остави самите училишта да ја креираат наставната програма, како и немањето на можност да се контролира финансирањето на овие училишта.

„Во програмата на верските училишта нема природни науки, а познат е и нивниот отпор кон предметот Биологија. Како тогаш ќе им се даде можност само со полагање на матура да се запишат на медицина?“, праша Даниела Николова, пратеничка од СДСМ.

Претседателката на комисијата, Иванка Василевска рече дека со законот се става и оваа сфера во државни рамки, но им се дава и дополнителна можност на учениците да се предомислат.

Пратеникот Сали Мурати од „Европски фронт“, кој е и поранешен претседател на Уставниот суд, предупреди дека и со подобрувањата на законот, клучно е да им се даде автономија на верските училишта.

„Автономијата во одлучувањето на верските училишта мора да се задржи. Не смее државата да им се меша. Тоа е противуставно“, рече Мурати.

Мурати реагираше и зошто му беа одбиени сите амандмани, но министерката појасни дека со прифатените подобрувања, се вклучени и неговите забелешки.

„Зошто кога бевте на власт, дозволивте да биде донесен закон кој ви падна на Уставен суд? – Зошто тогаш не поднесовте амандмани?“, праша Весна Јаневска, министерка за образование и наука.

Деновиве и невладината Мрежа за заштита од дискриминација реагираше дека законот е противуставен во делот кој задира во уставното начело со кое религијата и религиозните институции не смее да се мешаат во државното уредување. Законот е проследен на понатамошто читање пред пратениците.

Далиборка Демјанска Цветановска