Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ви благодариме за помошта на границата со Украина – Лавров во тридневна посета на Северна Кореја

/

пред 463 дена

Сподели преку :

Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров пристигна во тридневна посета на Северна Кореја. Го дочека севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун во градот Вонсан, каде неодамна беше отворен туристички комплекс со капацитет за 20.000 гости.

Посетата на Лавров на Северна Кореја е уште една потврда на одличните односи меѓу двете земји во последните неколку години. Пјонгјанг ја поддржува Москва во војната во Украина со испорака на муниција и војници во замена за воена и економска помош. Тоа, пак, е причина за загриженост кај Западот и неговите сојузници кои стравуваат дека Москва би можела да пренесе чувствителни технологии кои би можеле да ја зголемат опасноста од севернокорејските нуклеарни и ракетни програми.

Лавров пред средбата со Јонг Ун, имаше состанок со неговата министерката за надворешни работи на Северна Кореја, Чое Сон Хуи. Таа ги пофали односите меѓу двете земји, истакнувајќи дека се подигнати на ниво на „нераскинлив сојуз“. Лавров, пак, се заблагодари на севернокорејското раководство за воената помош на границата со Украина.