Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Вицепремиерот Арбен Фетаи добил смртна закана на службениот мејл

/

пред 696 дена

Сподели преку :

Вицепремиерот за добро владеење и транспарентност Арбен Фетаи објави на својот профил на Фејсбук дека на службениот мејл добил порака со смртна закана.

„Оваа закана доаѓа по мојата изјава дека ќе сторам сé за да се отстрани дефиницијата за албанскиот јазик во уставот, како јазик што го зборуваат 20 проценти од населението. За ова го известив и министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски и побарав да се зголемат мерките за мојата лична безбедност“ – напиша Фетаи.

(Скриншот од закана која ја објави Арбен Фетаи на социјалната мрежа „Фејсбук“)

Овој настан предизвика загриженост за личната безбедност на вицепремиерот, како и за јавниот дискурс околу прашањето за измена на Уставот.