Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Бели срца со имиња на починатите – годишнина од трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани

/

пред 204 дена

Сподели преку :

Денешниот датум, 16 март, никогаш нема да биде заборавен во Македонија. Ден кога запреа животите на млади луѓе кои не се вратија дома по забавата во дискотеката „Пулс“ во Кочани лани.

Ненадоместлива загуба, незапирливи солзи, огромна празнина во Кочани, во Штип, во Пробиштип и во Скопје. Денеска на плоштадот во Кочани се поставени 63 празни столчиња на кои беа испишани имињата на младите кои загинаа во пожарот.

Делегации од земјата и од регионот им оддаваат почит на прерано згаснатите млади животи.

Екипа на Телма и денеска е во Кочани. Во вестите во 12:30 часот се вклучи колегата Петар Догов.