Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Борбените Саудијци не се штедеа ниту меѓусебно против Аргентина: Голманот жестоко нокаутира соиграч

/

пред 1412 дена

Сподели преку :

Судиското продолжение на натпреварот меѓу Аргентина и Саудиска Арабија на СП 2022 донесе и шокантна сцена меѓу соиграчи во азиската селекција.

Голманот на Саудијците, Ал Оваис го нокаутира Ал Шарани при обид да избоксува нафрлена топка во сопствениот шеснаесетник.

Ал Шарани остана да лежи на тревникот неколку минути пред да биде изнесен со носило од теренот.

Саудиска Арабија на крајот ја приреди првата голема сензација на Мундијалот во Катар и една од најголемите во историјата на Светските првенства, совладувајќи ја моќната Аргентина со 2:1.