Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(ВИДЕО) Борец од челичарницата Азовстал: Нашиот живот не значи ништо, но нашата борба значи се

/

пред 1607 дена

Сподели преку :

Украински војник од опколената фабрика за челик Азовстал во Мариупол зборуваше за ужасните услови во кои се наоѓаат војниците и цивилите. Тој рече дека преостанатите бранители „носат тешки жртви“ додека продолжуваат жестоките напади од Русија.

Поручникот Илја Самојленко, припадник на Азовскиот полк, изјави за Скај Њуз дека бројот на повредени и убиени војници е „многу голем“ и дека војниците заслужуваат соодветна грижа.

„Никој не очекуваше дека ќе издржиме толку долго против Русите, но ние се уште се бориме. Имаме големи, тешки загуби“, рече тој.

Украинските власти веруваат дека околу 100 цивили останале во фабриката за челик, но Самоиленко рече дека, колку што знае, сите биле евакуирани.

Тој додаде дека имаат „исклучително ограничени ресурси“ и веруваат дека „секој ден може да ни биде последен“. „Нашиот живот не значи ништо, но нашата борба значи сè“, рече тој.