Жителите на скопските населби Железара, Автокоманда, Чаир и дел од Бутел, веќе 40 часа немаат вода за пиење. Од „Водовод“ со известување дека успешно е завршена акцијата за промена на игличен вентил и најавуваат дека полека и постепено ќе се регулира водоснабдувањето.
Во Железара пристигна и цистерна со вода, но жителите велат дека не е доволно.
Денешниот прекин во водоснабдувањето во делови од Скопје го следеше колешката Тамара Марковска која се вклучи во вестите во 15:30 часот.











