Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Десетици повредени, 80 заробени или висат – се урна жичница во Шпанија

/

пред 639 дена

Сподели преку :

Десетици луѓе се повредени, а 80 се заробени или висат во уривање на жичница во скијачки центар во Шпанија, јави државната телевизија ТВЕ. Причините за несреќата не се познати.

„Изгледа дека пукна сајлата, столчињата потскокнаа, а луѓето паѓаа“, рече сведок за ТВЕ.

Менаџментот на ски-центарот одби да го коментира настанот и не беше во можност веднаш да потврди дали меѓу повредените има и странски државјани.

Распоредени се неколку хеликоптери кои ги спасуваат скијачите кои сè уште се заробени на жичницата, но превезуваат и повредени до околните болници.

Инцидентот се случил во скијачкиот центар Астун, кој е популарен меѓу Шпанците, и се наоѓа во близина на границата со Франција.