Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Девет загинати и запален украинскиот манастир Киево-печерска лавра по голем руски напад

/

пред 111 дена

Сподели преку :

Најмалку девет лица се убиени, а десетици се повредени во нов бран руски напади врз Украина… Четири лица го загубија животот во нападите врз Киев, додека петмина спасувачи загинаа при гаснење пожар предизвикан од руски удар во Харков, соопштија украинските власти.

Во нападите сериозно е оштетена и катедралата „Успение на Пресвета Богородица“ од 11 век, во комплексот Киево-печерска лавра еден од најзначајните верски и културни симболи на Украина.

Украинските власти најавија дека ќе побараат реакција од УНЕСКО и меѓународната заедница поради уништувањето на културното наследство… Руските напади предизвикаа пожари на згради и возила, а повеќе од 140.000 жители на Киев останаа без електрична енергија.

Меѓувреме, во украински напад со дронови во рускиот град Тула убиени се три лица и повреди уште тројца други.