Македонија одбележува 80 години од кодификацијата на македонскиот јазик, но земјава сè уште не го изработила корпусот на македонскиот јазик. Од Институтот „Крсте Мисирков“ велат дека располагаат со едуциран кадар за правење на ваков корпус, но потребна им е финансиска поддршка од државата.
Апелираат и да почне да се применува новиот Закон за употреба на македонскиот јазик, кој доби консезуална согласност во Собранието, бидејќи со него, како што велат, ќе се отворат голем број на работни места, со што ќе се зголеми интересот за запишување на студентите на катедрата за македонски јазик, а сето тоа ќе придонесе за подигнување на свеста.











