Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Филипче: Македонија доби најлош извештај од ЕУ во последните 10 години

/

пред 349 дена

Сподели преку :

Македонија го доби најлошиот Извештај од Европската комисија (ЕК) во последните 10 години, смета претседателот на СДСМ, Венко Филипче. На денешната прес-конференција тој рече дека тоа е сериозен аларм за иднината и перспективата на државата.

Според него, извештајот го потврдува застојот и назадувањето на земјата во процесот на европските интеграции и нагласи дека се потребни итни чекори за враќање на државата на европскиот пат. Тој рече дека нема устави измени, но исто така нема напредок ниту во реформската агенда, додека во Буџетот не се предвидени доволни пари за спроведување на Планот за раст.

Извештајот на Европската Комисиј, рече Филипче, потврдил дека државата е во целосен застој – економијата е во стагнација, во образованието има дебакл, а институциите се парализирани.